Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите?“ вели дека се преговара за инвестирање на 5 до 6 милијарди евра за капитални проекти во локални, регионални и експресни патишта, инвестициски бран во здравството за изградба на клинички центри и болници, како и пруги и ски центри. Denesen
Јас сум убеден дека имаме, но ни треба добра организација.
Ќе се обидам, нормално во интерес на преговорите и процесот да ги потенцирам вредностите и проектите, а многу скоро во следните не повеќе од два месеци ќе биде сето ова во јавноста објавено и точно ќе се знае од каде и што, вели премиерот. Nezavisen
Реконструкција на Клиничката болница Тетово, операционите сали и два други оддели и пруга условно кажано би рекол брза која што ќе биде дел од коридорот 10 во која што возовите патнички одлучивме поради цената, иако сакавме да биде над 200 километри на час, но одлучивме поради цената да се движат по 160 споредбено со сегашните 30, 40, а карго 110.
И овој бран ќе биде 2,3 и 2,5 милијарди евра инвестиција, додава Мицкоски. Nezavisen