Во периодот кој што следи убеден сум дека успешно ќе испреговараме и ќе заокружиме инвестициски план помеѓу пет и шест милијарди евра кои што ќе се случат во Македонија, за изградба на локални, регионални и експресни патишта, клинички центри, како и пруги и ски центри, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите?“ вели дека се преговара за инвестирање на 5 до 6 милијарди евра за капитални проекти во локални, регионални и експресни патишта, инвестициски бран во здравството за изградба на клинички центри и болници, како и пруги и ски центри.