Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во утринската емисија „Студио 10“ на Телевизија 24 кажа дека на 8 мај свечено ќе биде отворена новата градинка „Пролет“ „На 8 мај свечено ја отвораме новата градинка “Пролет” - модерна, урбана и една од најубавите градинки во државата“, рече Герасимовски, најавувајќи и реконструкција на неколку улици, завршна фаза на обновувањето на паркот во Капиштец, санација на детски игралишта и поставување нова урбана опрема.