Владата на последната седница усвои предлог закон за измени и дополнувања на законот за царинска тарифа со што се врши намалување на царинската стапка кај 67 стоки кои се користат во домашната индустрија.
Предлогот е веќе испратен на усвојување во Собранието со цел пониски царински стапки да почнат да се применуваат од 1-ви јули 2025-та година, информира денес министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.-Станува збор за стоки кои како суровини или репроматеријали се користат во нашите индустриски капацитети, особено во секторите на автомобилска, металопреработувачка индустрија, металургија и енергетика, односно оделни производи потребни за производство на високофинални производи со цел да се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија.