За само 11 месеци гледаме дека земјоделието уназадува, земјоделците се оставени сами.
Враќањето на стариот модел на субвенционирање, укинувањето на авансната исплата, на програмите за малите производители на храна, намалувањето и доцнењето на субвенциите за сточарите, доцнењето на зелената нафта, најмал раст на извозот, целосно враќање назад во ИПАРД 3 програмата, кажува колку се лоши политиките на власта во земјоделието, истакна пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во „Тема на денот“ во вестите на Сител.