Кога зборуваме за оваа влада треба да нотираме дека ги изневери очекувањата и на граѓаните кои очекуваат да продолжи европскиот пат, но и на оние кои гласаа за оваа влада.
Затоа што поддршката за оваа влада беше не дека Преспанскиот договор е ремек-дело, туку се ветуваше дека преспанскиот договор ќе биде минато, дека уставното име нема да се споменува од никој од функционерите, а гледаме штанцање на стотина закони во скратена постапка само за промена на името во Северна Македонија, истакна пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски во емисија на ТВ 21. Николовски додаде дека во никој случај не станува збор за укинување на Преспанскиот договор, за договорот со Бугарија, којшто беше најмногу критикуван, плус ветувањето дека ќе се промени преговарачката рамка.