Ракометниот клуб Алкалоид направи голем успех за македонскиот ракомет, со пласман во финалето во Европскиот Куп на ЕХФ преку норвешки Рунар Сандефјорд, кого, во реваншот по победата од пет гола во Скопје, го совлада по изведувањето на пенали (регуларен дел 34:29, 1:3 по пенали). Тимот кој е актуелен Куп-освјувач на Македонија и е составен од 95% македонски ракометари, благодарение на овој резултат обезбеди меч за европски трофеј и стана петтиот клуб од нашата земја кој ќе игра за едно европско одличје.
Противник на Алкалоид во европското финале ќе му биде грчкиот клуб АЕК од Атина кој во полуфиналето го елиминира Извиѓач од БиХ, а датумите на мечевите во Скопје и Атина ќе бидат утврдени со ждрепка. Faktor