Ваквите ликови ја изгубиле надежта, се оддале на пијанство (Димитрија и Симон од „Диво месо“), се чувствуваат неспособни да преземат нешто (Михајло и Султана од „Лет во место“), потиснати се во патријархални семејства во кои животот им е однапред скроен, а тие треба да чекорат низ животот како балерини (Кристина од „Дупло дно“), или пак со згаснати соништа си создаваат некој свој свет (Кољо, Алтана од „Тетовирани души“). Третата галерија ликови се револуционерни типови, во чии размислувања има нешто прогресивно, чиј труд не е награден во драмите, но сепак мора да постојат, макар и со својот донкихотовски лет во место. Kajgana