Американската поп-пејачка Кејти Пери наскоро ќе патува во Вселената, заедно со свршеницата на Џеф Безос - Лорен Санчез, објави американската вселенска компанија „Блу ориџин“ (Blue Origin). Тоа ќе биде 11-ти лет со екипаж за „Блу ориџин“ и ракетата „Њу шепард“, коишто веќе неколку години имаат понуди за вселенски туризам.
Во леталото би требало да бидат и филмската продуцентка Кери Флин и поборничката против сексуалното насилство, Аманда Нгуен.