Воедно директорката на УЈП за медиумите посочи дека во првите два месеци од годинава има нешто подобра наплата кај сите даноци во споредба со истиот период од 2024 година, а особено кај данокот на личен доход за кој главна компонента е данокот на плати што се плаќа при исплата на плати.
Идеален и теоретски случај е наплатата на приходите да биде рамномерна по 8,33 отсто на месечно ниво, но секој месец си има одредени сезонски карактеристики и тенденции во наплатата на приходите. Faktor
Исплатата на платите од почетокот на годинава оди вообичаено и нема некое отстапување во генералните тенденции колкава е навременоста на поднесувањето на пресметките за плата и навремената исплата на бруто платата, како и колкава е тенденцијата на задоцнетата исплата на бруто плата, посочи директорката на Управата за јавни приходи (УЈП0 Елена Петрова на средбата со новинарите. Biznisvesti