Европската комисија одлучи да ги паузира контрамерките против американските царини за алуминиум и челик на 90 дена, откако американскиот претседател Доналд Трамп во средата одлучи да ја запре примената на реципрочните царини, исто така за 90 дена.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утрово ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп „да го паузира“ воведувањето на некои реципрочни царини за увозот од стоки од десетици земји за период од 90 дена, оценувајќи ја како „важен чекор кон стабилизирање на глобалната економија“, јави дописникот на МИА од Брисел.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во четвртокот ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги паузира „реципрочните“ царини на 90 дена, нагласувајќи дека ЕУ останува посветена на конструктивни преговори со Соединетите држави, со цел да се постигне непречена и заемно корисна трговија.