Вчера, на магистралниот пат А3 Битола-Прилеп, во близина на кружниот тек за селото Тополчани, полициски службеници запреле и извршиле преглед на автомобил „Фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки во кој осомничениот неовластено пренесувал две патни торби.
Тој во автомобилот имал две торби полни со дрога.
Основното јавно обвинителство Битола нареди истрага против осомничениот за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.