1 (35) ■ вести > македонија > политика ■ 04-Mar 08:31 -> 06-Mar 14:36
.
.
.
.

Димитриеска Кочоска: Премногу е рано да зборуваме за какви било корекции во нагорна линија на растот за 2025 година

  • Силјановска Давкова: Во Собранието треба да се мерат зборовите, не е лошо човек да се извини

  • СДСМ: Сиљановска ја штити и релативизира за Кочоска, таа е нем набљудувач на дискриминацијата

  • Потпишан меморандум за соработка меѓу Министерството за финансии и Економскиот факултет од Скопје

Во овој момент не би ја ревидирала проекцијата за економскиот раст на земјава во 2025 година иако во последниот квартал од 2025 година е постигнат раст од 3,2 проценти што е повисок од очекуваниот, оцени денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, во однос на дебатата помеѓу министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска во тек на пратеничките прашања вели дека во Собранието треба да се мерат зборовите и оти, како што посочува, не е лошо човек да се извини.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која во кампањата се претставуваше како борец за правата на жените, денес молчи пред отворена дискриминација кон една жена, пратеничка во Собранието.

Професори од Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со анализи и стручна помош ќе му помагаат на Министерството за финансии во неговиот делокруг од работата.

5 (25) ■ вести > македонија > политика ■ 06-Mar 07:14 -> 06-Mar 14:01
.
.
.
.

Јандроковиќ-Гаши: Поддршка од Хрватска да истраеме на евроинтегративниот пат

  • Со свечена церемонија пред Собранието, Гаши го пречека Јандроковиќ, претседателот на хрватскиот Сабор

  • Претседателот на Хрватскиот сабор, Јандроковиќ во официјална посета на земјава

Ја имате нашата поддршка и понатаму да истраете на евроинтегративниот пат и да ги решите препреките, добро е да се оствари сојузништво во рамки на НАТО и ЕУ, истакна претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ на денешната заедничка прес-конференција со претседателот на македонското Собрание Африм Гаши.

Со церемонија со високи почести пред претседателот на Собранието Африм Гаши пред зградата на законодавниот дом го пречека претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, кој престојува во официјална посета на земјава.

Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ денеска ќе престојува во официјална посета на земјава.

8 (24) ■ вести > македонија > политика ■ 05-Mar 14:42 -> 06-Mar 11:09
.
.
.
.

СДСМ: Зошто Владата три дена крие колку платила за приватниот лет за Будимпешта?

  • СДСМ: Не може да има пари за луксузирање на власта, а да нема за минимална плата за работниците

  • СДСМ: Мицкоски живее во илузија, економијата страотно пропаѓа

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои тврдат дека платите се доволно високи и не треба да се зголемуваат, немаат никаков проблем да патуваат низ Европа со приватни чартер летови на партиски посети“, велат од СДСМ.

Владата на Христијан Мицкоски се луксузира на грбот на народот, изнајмува приватни авиони, нарачува егзотични овошја, додека за работниците, кои едвај врзуваат крај со крај, власта вели дека нема пари.

Опозицската СДСМ денеска преку соопштение реагира на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски во врска со растот на БДП во последниот квартал лани.

9 (7) ■ вести > македонија > политика ■ 05-Mar 09:58 -> 06-Mar 14:18
.
.
.
.

Лукаревска: Доколку власта не обезбеди пари за зголемување на платите на работниците, СДСМ ќе поднесе закон за зголемување на минималната плата

  • Лукаревска: Со предлогот на СДСМ за зголемување на платите 585 милиони евра ќе одат кај работниците

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска на денешната прес-конференција истакна дека доколку власта не обезбеди пари за зголемување на платите на работниците, нивната пратеничка група ќе поднесе Закон за зголемување на минималната плата.

Пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма истакна дека СДСМ најави поднесување на ново законско решение, како дел од пакетот мерки подготвени од партијата, кое е резултат на непреземањето ништо од страна на власта за зголемените цени во продажбата, цените за струјата, пад на индустриското производство, немање социјален дијалог, урнисување на животниот стандард.

Повеќе од
оваа категорија

73 (11) ■ спорт > фудбал ■ 04-Mar 20:47 -> 06-Mar 12:01
.
.
.

(ВИДЕО) Интер е на прагот од четвртфинале во ЛШ – Тирам и Лаутаро го замолкнаа Ротердам

  • Интер лесно славеше против „десеткуваниот“ Феенорд (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер се на чекор до пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, бидејќи вечерва во првиот осминафинален натпревар на гостински терен го победија Феенорд со 2:0 (1:0). Тимот од Милано е на добар пат следната недела пред своите навивачи да слави меѓу осумте најдобри екипи во Европа.

Фудбалерите на Интер направија голем чекор кон пласман меѓу осумте најдобри на „стариот континент“ откако во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите славеа на гостувањето кај „десеткуваниот“ Феенорд со 0-2. Холанѓаните имаа големи проблеми на овој меч бидејќи дури 14 фудбалери му недостасуваа на Робин ван Перси, а за мечот мораше да пријави дури пет фудбалери од младинскиот тим.

Повеќе од
оваа категорија

44 (4) ■ бизнис > финансии ■ 05-Mar 07:24 -> 06-Mar 14:27
.
.
.
.

Поскапе уште една услуга во Грција

  • ПОСКАПУВААТ БИЛЕТИТЕ ЗА ТРАЕКТ ВО ОМИЛЕНАТА ДЕСТИНАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ: Од први мај ќе се плаќа повеќе за овој превоз во Грција

Билетите за траект во Грција од 1 мај ќе поскапат за 12 до 15 отсто, се наведува во соопштението на Грчката асоцијација на компании за превоз на патници (SEEN). Говорејќи за локалните медиуми, претседателот на „SEEN“, Дионисис Теодоратос, објасни дека зголемувањето на цените за билетите за траект во Грција е поврзано со новите регулативи на Европската унија за поморско гориво.

Цените на фериботите во Грција од 1 мај ќе се зголемат за 12 до 15 отсто, се вели во соопштението на Грчката асоцијација на компании за превоз на патници (SEEN). Говорејќи за локалните медиуми, претседателот на SEEN, Дионисис Теодоратос, објасни дека зголемувањето на цените за билетите за траект во Грција е поврзано со новите регулативи на Европската унија за поморско гориво.

67 (4) ■ бизнис > економија ■ 05-Mar 14:24 -> 06-Mar 10:06
.
.
.
.

Очекуваме зголемување на бројот на патници, вели генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт

  • Курт: Го зголемуваме капацитетот на Охридскиот аеродром, нема прекин на сообраќајот во тек на модернизацијата

Најавени се голем број нови авиокомпании, голем дел од нив ќе летаат на нови дестинации и очекуваме зголемување на бројот на патници веќе од средината на оваа година, вели во видеоинтервју за МИА генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт.

Се очекува за околу еден месец да се стартува со некои од работите предвидени со модернизација на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а во тек на планираните активности со проектот нема да биде запрен авиосообраќајот, најавува генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт во видеоинтервју за МИА.

98 (9) ■ бизнис > македонија ■ 05-Mar 12:00 -> 05-Mar 14:43
.
.
.
.

И во 2025-та очекувам висока бројка на странски директни инвестиции

  • Мицкоски: За три квартали ја стабилизиравме состојбата во државата

2024 година ја завршивме со рекордно историско ниво на странски инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра со што повторно по глава на жител сме држава со најголем број на странски инвестици во регионот, можеби на некого не му одговара но тоа е факт, и повторно за многу кратко време ја консолидируваме, се консулидираа таа политика и таа политика ќе продолѓи и во годината која што следи бидејќи посебно во последните недели имаме голем бран на компании кои што се заинтересирани да инвестираат овде во Македонија и во слободните ТИРЗ зони но и надвор од нив, и навистина сум пресреќен тие познаа дека ова Влада води пробизнис политика и сака да поддржува отварање на нови работни места, добро платени места, врочем и сега мора да се добро платени работните места бидејќи конкуренцијата на пазарот на труд е немилосредна, но добро е што имаат доверба и оваа година исто очекувам висока бројка, не би сакал сега да лиферувам со бројки но знам дека една инвестиција почнува со работа овој месец, другата почува со работа во Штип во април месец, во мај ставаме камен темелник, во јуни повторно камен темелник.

За три квартали ја стабилизиравме состојбата во државата, растот на БДП во четвртиот квартал се првите инидикации дека економијата заздравува.

161 (8) ■ бизнис > економија ■ 04-Mar 16:42 -> 06-Mar 13:08
.
.
.
.

11 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КОМПАНИИТЕ Првата транша од унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре

  • Димитриеска-Кочоска: Првата транша за компаниите од унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре

Првата транша во износ од околу 11 милиони евра, од средствата наменети за поддршка на компаниите обезбедени со унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре, односно ќе бидат префрлени средствата од централниот Буџет кон Развојната банка, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Првата транша во износ од околу 11 милиони евра, од средствата наменети за поддршка на компаниите обезбедени со унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре, односно ќе бидат префрлени средствата од централниот Буџет кон Развојната банка, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

224 (5) ■ бизнис > економија ■ 04-Mar 15:11 -> 04-Mar 16:52
.
.
.
.

ЗМАИ: Субвенциите за зголемена плата да бидат таргетирани директно кон работниците, не кон компаниите

  • Виктор Митевски, директор на ЗМАИ: Со цел сите плати да растат, мора да зборуваме за поголема продуктивност

Доколку се размислува за предлогот за субвенционирање на платите, субвенциите треба да бидат таргетирани директно кон работниците, а не кон компаниите, оцени денеска Виктор Митевски, претседател на Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ, во врска со актуелната дебата за минималната плата.

Доколку се размислува за предлогот за субвенционирање на платите, субвенциите треба да бидат таргетирани директно кон работниците, а не кон компаниите, оцени денеска Виктор Митевски, претседател на Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ, во врска со актуелната дебата за минималната плата.