Хана Подјед, студентка на Универзитетот во Љубљана, е добитник на стипендијата „Ацо Шопов“ за 2025 година која вторпат ја доделува Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“.
Таа е едногласно избрана од жирито, во состав: д-р Маја Бојаџиевска и д-р Весна Мојсова-Чепишевска, професорки на УКИМ, д-р Ивица Баковиќ, доцент на Универзитетот во Загреб, и Јасмина Шоповa, потпретседател на Фондацијата која, како што информира, стипендира истражувања во областа на хуманистиката „кои во својот пристап ги инкорпорираат вредностите со кои се одликува творештвото на Ацо Шопов“.