Американскиот претседател Доналд Трамп ги оцени плановите на Илон Маск за формирање нова политичка партија како апсурдни, додавајќи дека Америка функционира најдобро во рамките на двопартиски систем.
Несогласувањата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и технолошкиот милијардер Илон Маск, често опишувани како судир меѓу најмоќниот и најбогатиот човек во светот, достигна нова ескалација откако сопственикот на Тесла, Спејс Икс и Старлинк, објави дека ќе формира нова политичка партија, претставувајќи ја како предизвик за двопратискиот систем на републиканците и демократите.
Милијардерот Илон Маск најави формирање на нова политичка партија во САД наречена Американска партија, еден ден откако спроведе анкета меѓу своите следбеници на социјалната мрежа Икс за потребата од нова политичка опција.
Advertisement - Американскиот милијардер Елон Маск изјави дека ја формирал Американската партија со цел, како што рече, да ја врати слободата на американскиот народ.