Несогласувањата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и технолошкиот милијардер Илон Маск, често опишувани како судир меѓу најмоќниот и најбогатиот човек во светот, достигна нова ескалација откако сопственикот на Тесла, Спејс Икс и Старлинк, објави дека ќе формира нова политичка партија, претставувајќи ја како предизвик за двопратискиот систем на републиканците и демократите.
Милијардерот Илон Маск најави формирање на нова политичка партија во САД наречена Американска партија, еден ден откако спроведе анкета меѓу своите следбеници на социјалната мрежа Икс за потребата од нова политичка опција.
Facebook / Donald J. Trump Американскиот претседател Доналд Трамп ги оцени плановите на Илон Маск за формирање нова политичка партија како апсурдни, додавајќи дека Америка функционира најдобро во рамките на двопартиски систем.
Контроверзниот бизнисмен и сопственик на компанијата SpaceX, Илон Маск, не ги крие своите политички амбиции откако дојде на власт во администрацијата на Трамп, напуштајќи го својот тим откако се скара со Доналд Трамп.