ТВ21 го контактираше Али Ахмети да го праша дали има точна информација каде се наоѓа Груби и го добивме следниот одговор: Тој вчера рече дека Артан Груби се наоѓа на албанска територија, но без да даде конкретни информации за неговата локација.
Премиерот Христијан Мицкоски се надева дека Обвинителството ќе го повика лидерот на ДУИ Али Ахмети кој, како што пренесоа вчера косовските медиуми, изјавил дека поранешниот вицепремиер Артан Груби се наоѓа на албанска територија и дека ќе се врати во земјава само ако нема одмазничка и селективна правда.
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети во изјава за косовските медиуми посочил дека неговиот довчерашен сопартиец, Артан Груби не побегнал, но и дека тој самиот немал контакт со него.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети тврди дека не знае каде се наоѓа поранешниот вицепремиер, Артан Груби, откако вчера за неговиот најблизок соработник рече дека е добар и се наоѓа на албанска територија, но немале средба.