Собирот на вработени во РТС побара од раководството на јавниот сервис и надлежните служби денеска итно да им се обратат и да дадат јасни насоки за работа за време на блокадата, јави МИА од Белград.
Повеќе од 80 часа веќе трае студентската блокада на објекти на Радио-телевизија Србија во Белград.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во објава на Инстаграм порача дека не смее да се продолжи со блокада на Радио-телевизија Србија и дека државата ќе има сила да го заштити уставниот поредок.
Српските студенти ја продолжуваат блокадата на Радио телевизија Србија петти ден.