Повеќе од 80 часа веќе трае студентската блокада на објекти на Радио-телевизија Србија во Белград.
Од 14 април во 22 часот досега, блокирани се објекти на јавиот дифузер во центарот на Белград на улицата Таковска, и на Кошутњак, јави дописникот на МИА од Белград. Netpress
Собирот на вработени во РТС побара од раководството на јавниот сервис и надлежните служби денеска итно да им се обратат и да дадат јасни насоки за работа за време на блокадата, јави МИА од Белград. Sitel
Голем број студенти од Нови Пазар пристигнаа од синоќа во Белград, а како што соопштија преку социјалните мрежи, таму се да ги наградат своите колеги и граѓани на Србија во блокадата пред РТС, за да можат да го прослават Велигден со своите најблиски.
Блокадите на РТВојводина и РТС започнаа поради начинот на кој јавниот сервис известува за протестите на студентите и за студентските велосипедисти кои возеа до Стразбур. Nezavisen
Од РТС се обратиле и до меѓународни организации за заштита на новинарите и до Европската асоцијација на јавни радиодифузни услуги, се наведува на веб-страницата на јавниот сервис на Србија.
Блокадата на РТС од страна на студенти и граѓани почна во понеделникот вечерта и сè уште трае. Sitel