Бугарија се уште не одговорила на барањето на Македонија за директен дијалог за проблемите кои постојат меѓу двете држави, соопшти министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, одговарајќи на прашањето дали откако Бугарија доби политичка влада е договорена средба меѓу двете страни за надминување на проблемите.
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски рече дека Владата се стреми кон компромис, кој ќе биде рационален за да се откочи патот кон Европската Унија.
Заемната поддрка што ја искажуваме на планот на европската интеграција претставува добар пример за нашата одлучност за напредок на овој пат кој ќе ни обебзеди сигурност стабилност и напредок кон просперитетна Европа кон која заеднички целиме.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше организатор и домаќин на панел-дискусијата на тема „Улогата на Франкофонијата во светот и регионот“, организирана по повод Месецот на Франкофонијата.