Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Прилеп посети тутунопроизводител при што разговараа како помина минатата реколта и за подготовките за идната реколта 2025.
Со самото влегување во Владата, во Министерството, наследивме една хаотична состојба, значи празна каса, неисплатени субвенции, недонесени законски и подзаконски акти, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски одговарајќи на новинарско прашање.