Еспресото чини околу 120 денари (4 км), капучиното помеѓу 140 и 150 денари (4,50 до 5 км), додека белото кафе и латето се околу 170 денари (5,50 км). Точено пиво може да се најде од 150 до 270 денари (5 до 9 км), а флаширано пиво чини над 210 денари (7 км). Брзата храна е исто така прифатлива – хот-дог чини околу 150 денари (5 км), хамбургер 230 денари (7,50 км), а чизбургер 240 денари (8 км). Порција од 10 ќебапи чини околу 360 денари (12 км), додека помфритот чини од 120 до 180 денари (4 до 6 км). За љубителите на пица, маргарита чини околу 450 денари (15 км), капричиоза 510 денари (17 км), додека славонска пица достигнува до 600 денари (20 км). Иако рестораните полека ги отвораат своите врати, а морето е доволно топло за првите пливачи, препознатливата летна бучава недостасува – редици за сладолед, детски плач од плажите и разновидноста на јазиците на туристите од Европа. Brif