1 (8) ■ вести > македонија ■ 20-Mar 14:51 -> 20-Mar 15:45
.
.
.
.

Уште три лица од пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Турција

  • УШТЕ ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ ЌЕ СЕ ЛЕКУВААТ ВО ТУРЦИЈА Вкупно 12 пациенти се примени таму на лекување

Уште три лица од пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Турција, информираат попладнево од турската амбасада.

Тројца повредени во пожарот во Кочани денеска со авион се пренесени во болницата Чам и Сакура во Истанбул, Турција, соопшти туркста амабсада во Скопје.

2 (5) ■ вести > македонија ■ 20-Mar 15:09 -> 20-Mar 15:43
.
.
.
.

Меџити вети правда за сите трагедии: Кочани, Беса транс, тетовска болница, Ласкарци

  • Кочани, „Беса Транс“, модуларната болница во Тетово, Ласкарци – Изет Меџити вети правда за сите трагедии

Првиот вицепремиер Изет Меџити вети дека ќе има правда не само за трагедијата со пожарот во Кочани, каде што загинаа 59 лица, а над 100 беа повредени, туку и за другите тешки случаи што ја потресоа земјата, како несреќата со Беса транс, пожарот во модуларната болница во Тетово и трагичната несреќа кај Ласкарци.

Првиот вицепремиер, Изет Меџити, вети дека ќе има правда не само за трагедијата со пожарот во Кочани, каде што загинаа 59 лица, а над 100 беа повредени, туку и за другите тешки случаи што ја потресоа земјата, како несреќата со „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово и трагичната несреќа во Ласкарци.

6 (7) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Mar 14:48 -> 20-Mar 15:47
.
.
.
.

Владата изразува најостра и недвосмислена осуда за неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми

  • Влада: Ги осудуваме неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми во однос на известувањето на трагичниот настан во Кочани

Владата изразува најостра и недвосмислена осуда за неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми кои и покрај континуираните апели за почитување на етичкото новинарство, денеска ја преминаа секоја граница на хуманост и достоинство во известувањето за погребот во Кочани.

Владата изразува најостра и недвосмислена осуда за неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми кои и покрај континуираните апели за почитување на етичкото новинарство, денеска ја преминаа секоја граница на хуманост и достоинство во известувањето за погребот во Кочани.

8 (42) ■ вести > свет > регион ■ 18-Mar 22:20 -> 20-Mar 15:45
.
.
.
.

Во Турција приведени 27 лица поради објави на социјалните мрежи за апсењето на Имамоглу

  • Притворениот градоначалник на Истанбул Имамоглу ја повика нацијата да се спротивстави на „злото“

  • Во Турција протести поради притворањето на градоначалникот на Истанбул

  • Имамоглу по поништувањето на дипломата и одлуката за притвор

Во Турција притворени се 27 лица под сомнение дека на социјалните мрежи објавиле провокативни коментари за апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е приведен поради обвиненија за корупција и тероризам, го повика турскиот народ да застане против, како што рече, „злото“.

Илјадници студенти синоќа се собраа во кампусот на Универзитетот во Истанбул поради притворањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и покрај четиридневна забрана за јавни собири и протести до 23 март, со цел да се „одржи јавниот ред и да се спречат потенцијални провокации“.

Имамоглу по поништувањето на дипломата и одлуката за притвор -„Неправда која ќе остане запишана во историјата“.

15 (61) ■ вести > свет ■ 18-Mar 07:20 -> 20-Mar 15:30
.
.
.
.

По новите руски напади, Трамп предлага американска сопственост над украинските електрани

  • Зеленски: Со Трамп имавме позитивен, многу суштински и искрен разговор

  • Трамп му предложи на Зеленски САД да ја преземат контролата над електраните

  • Трамп и Зеленски разговараа: На вистинскиот пат сме

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата (19 март) за време на разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи САД да ја преземат сопственоста на украинските електрани, додека тој се обидува да го премости јазот меѓу Москва и Киев и да обезбеди прекин на огнот во повеќе од тригодишната војна.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денешниот телефонски разговор со американскиот колега, Доналд Трамп го оцени како „позитивен, многу суштински и искрен“.

Американскиот претседател Доналд Трамп му предложи на украинскиот претседател Володимир Зеленски САД да ја преземат контролата врз украинските електрани, за да се осигура нивната безбедност, пренесува AP. Трамп му рекол на Зеленски дека САД „може да бидат многу корисни во управувањето со овие постројки со својата експертиза за електрична енергија и комунални услуги“, се вели во изјавата на државниот секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц.

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека околу еден час разговарал по телефон со украинскиот лидер Володимир Зеленски.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија