Тепачка / илустрација / Тинејџер осомничен за обид за убиство во масовна тепачка во Скопје Скопската полиција поднесе кривични пријави против девет лица, меѓу кои и против 18-годишен осомничен за обид за убиство, поради масовна тепачка што се случи на 16 август во Скопје, во која едно лице добило тешки телесни повреди. „СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Д.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘убиство во обид’, против 19-годишниот А.А.(19) и 34-годишниот С.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ и против Д.Д.(32), С.Д.(50), Р.Џ.(21), С.С.(56), А.Д.(25) и А.Д.(27), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во тепачка“, соопшти МВР.