Граѓаните вчера на протест јасно порачаа – доста е со труењето од Вардариште.
Наместо претоварна станица, таму имаме отворена депонија и чести пожари.
Тоа е директен резултат на НЕработата на градот, односно на неспособноста на ВМРО ДПМНЕ и нивната Данела Арсовска, рече Шукова на прес-конференција.
Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, на денешната прес-конференција го повика противкандидатот Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ на јавно соочување и дебата за состојбата со Вардариште.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Георѓиевски, ветува „парк“ на локацијата Вардариште – најзагадената и технички најкомплицирана точка во главниот град.