Влезниците по цена од 200 денари можат да се купат он-лајн преку eticket.ffm.mk и во продажните места на Димпо Тобако во Битола.
фото: ffm.mk У21: Започнува продажбата на влезниците за дуелот Македонија – Италија Од петок (5 септември) во 10.00 часот започнува продажбата на влезници за квалификацискиот натпревар на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година против Италија, кој ќе се одигра на 9 септември на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.