Пациентите и нивните семејства имале доверба во обвинетите дека ќе добијат соодветна терапија, но таа доверба е изневерена, изјави обвинителката Ана Гоговска Јакимовска на почетокот на судскиот процес за случајот „Онкологија“.
Ќе бараме правдата да биде задоволна во име на законите, пациентите и хуманоста, порача обвинителката.
Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште тројца онколози Мери Пешевска, Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, сите вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти.