Дуелот почна неверојатно, па Баер поведе по само 25 секунди игра, откако Борусија тргна прва од центарот, но ја загуби топката, а Тела со маестрален удар од дваесетина метри го доведе шампионот во водство.
„Милионерите“ беа во нокдаун, а Баер Леверкузен го искористи тоа за да зголеми на 0-2, со голот на Патрик Шик на асистенција на Хинкапи. Ekipa