Лука Модриќ (39) го одигра својот последен натпревар за Реал.
Фото: EuroFoot Се очекуваше натпреварот помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид да биде многу понеизвесен натпревар, но на крајот сè беше решено по 25 минути од натпреварот кога европскиот првак поведе со 3-0, а потоа во самиот финиш од натпреварот Рамос стапи на сцена и ги постави конечните 4-0. Сепак, главна тема по натпреварот во Њујорк беше хрватскиот играч од средниот ред Лука Модриќ, кој синоќа го одигра својот последен натпревар во дресот на Реал Мадрид.
Реал Мадрид неочекувано убедливо „настрада“ во полуфиналето од клупскиот мундијал од ПСЖ, меч што означи и крај на една неверојатна ера – во која Лука Модриќ со години блескаше во дресот на најтрофејниот европски клуб.