Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас игра во одлична форма откако потпиша за Торино, тој постигна нов гол во Серија, овојпат во победа на неговиот тим на гостувањето кај Монца од 2-0. Елиф Елмас беше еден од најдобрите играчи на теренот, а таквата игра ја круниса со гол во 41. минута за водство на Торино од 1-0. ⚽️ GOAL: Eljif Elmas 🇮🇹 Monza 0-1 Torino Ова беше втор гол на Елмас откако се врати во Серија А. Елмас од игра излезе во 90. минута од натпреварот.
Еден од најдобрите македонски фудбалери на денешницата Елиф Елмас продолжува со одличните партии по неговото враќање во Серија А во редовите на Торино.