Репрезентацијата на до 21 година во периодот од 17. до 26. март патува во Анталија, на подготовки со новиот селектор . На турско тло, избраниците на кои ќе смета предводникот на младинската селекција ќе одиграат два контролни натпревари, првиот со , а потоа против . Со Белорусија ќе се соочиме на 21 март со почеток од 14:00 часот, а четири дена подоцна, на 25 март ќе играме против Азербејџан во 18:00 часот.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година, Горан Станиќ го објави списокот на повикани фудбалери за контролните натпревари против Белорусија и Азербејџан во турска Анталија.