Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас во четвртокот остро го критикуваше Реал Мадрид, тврдејќи дека клубот е „против сѐ и сака да ѝ наштети на конкуренцијата“, а неговите изјави дојдоа откако претставници на „Кралскиот клуб“ одбија да присуствуваат на состанокот меѓу Ла Лига, Техничкиот комитет на судиите и шпанската фудбалска асоцијација RFEF.
Реал Мадрид одби да присуствува на посебен состанок овој четврток, на кој ќе бидат вклучени и шефовите на Судиската комисија во шпанската елита, објави „АС“.