Манчестер Јунајтед доживеа разочарувачки почеток на натпреварот против Њукасл, што го натера тренерот Рубен Аморим да направи радикален потег и да го замени напаѓачот Џошуа Зиркзе.
Фудбалерите на Манчестер Jунајтед, загубија од Њукасл на „Олд Трафорд“ со 2:0. Во најинтересниот натпревар од премиерлигашката вечер, Њукасл по само 20 минути фудбал имаше водство од 2-0, благодарение на головите на Александар Исак и Жоелингтон.