Израел го турка регионот во тотална војна, рекоа шефовите на дипломатиите на Египет, Ирак и Јордан во заедничката изјава објавена во средата, осудувајќи ја „израелската агресија врз Либан“.
Израел во вторникот го обвини генералниот секретар на ОН дека не прави ништо за да ги „спречи нападите на Хезболах“ на нејзина територија, откако Антонио Гутереш ја спореди израелската војна против Хамас во Газа со „непрекинат ноќен кошмар“ кој се заканува да го однесе и Либан во хаос.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги предупредија жителите на јужен Либан да заминат од близина на локациите што ги користи милицијата на Хезболах пред „обемните, прецизни напади, против терористички цели, јави ДПА . „Наскоро, ИДФ ќе се вклучи во обемни, прецизни напади, против терористички цели кои се широко распространети низ Либан“, се наведува во објавата на ИДФ на Телеграм, што ја пренесува германската агенција.
Иако израелските акции против Хезболах, вклучително и убиство на неколку команданти, експлозии на пејџери и воки-токи, како и серија воздушни напади што започнаа во понеделникот, значително ја оштетија шиитската милитантна група, пишува Би-Би-Си во анализа дека моќта на Хезболах останува одлична.