Каталонскиот гигант Барселона не најде решение да го регистрира Дани Олмо за вториот дел од сезоната, а то го разочара Шпанецот кој денеска на тренинг покажал дека не му се допаѓа ситуацијата во која се наоѓа.
Лош почеток имаше 2025 година за Дани Олмо, барем во однос на неговата кариера.
Eкипата на Барселона не успеа да пронајде решение и да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор, па двајцата од денеска се слободни фудбалери.ж Олмо во првиот дел од сезоната беше регистриран на местото на Кристенсен кој беше повреден, но во вториот дел Данецот се враќа во тимот, а Барселона не пронајде дополнителен приход за да има место за регистрациите на Олмо и Виктор.