Фудбалерите на Лацио и во вториот натпревар во новата година ги разочараа своите фанови, откако во својот дом освоија само еден бод во соочувањето со Комо (1-1). На изненадување на сите на „Олимпико“, гостите беа подобриот ривал во првите 45 минути. Gol
Лацио го губи чекорот со водечките екипи во Серија А откако римскиот клуб остана без триумф и на третиот меч во низа, овојпат на домашен терен против Комо (1-1). Римјаните имаат за што да жалат ако се знае дека по првото полувреме имаа водство од 1-0 по голот што го постигна Диа, но скапо ја платија глупоста на Чауна. Ekipa