Парма имаше предност од 24. минута со голот на Канселиери, но Пулишиќ од пенал во финишот на првиот дел израмни на 1-1. Дел Прато повторно ги донесе гостите во водство со гол во 80. минута, по што „росонерите“ тргнаа на сè или ништо, а на крајот со погодоците на Рејндерс и Чуквуезе во судиското надополнување обезбедија три бода.