Екипата на Динамо Загреб, за која настапуваат нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми, несреќно го заврши настапот во Лигата на шампионите и покрај тоа што во последното коло го совлада Милан (2-1). Пред почетокот на натпреварувањето, шансите тим со 11 бодови да не се пласира меѓу најдобрите 24 беа помали од еден отсто (1%), но токму тоа му се случи на хрватскиот шампион. Sport1