1 (38) ■ вести > свет ■ 05-May 15:38 -> 07-May 09:37
.
.
.
.

Пакистан собори два индиски авиони во одмазда за ракетниот напад

  • ▷ Индија го нападна Пакистан

  • Индија го нападна Пакистан, погодени девет локации

  • Пакистан: Никогаш нема да дозволиме непријателот да успее во неговите зли цели

Пакистанската војска соопшти дека соборила два индиски авиони, пишува „Гардијан“.

Индиската влада вечерва потврди дека нејзините сили извршиле воени напади на вкупно девет локации во Пакистан и Кашмир, кој е под пакистанска администрација.

Индиските вооружени сили извршија напади врз девет локации во Пакистан и во спорниот регион Џаму и Кашмир под управа на Исламабад, се вели во соопштението на индиската армија.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф денеска изјави дека Пакистан има целосно право да се брани од „воен чин наметнат од Индија“ и дека одговорот на индиските напади е „насилен“.

6 (4) ■ вести > свет ■ 07-May 07:03 -> 07-May 09:39
.
.
.
.

ПОМОШ ЗА РАБОТНИЦИТЕ НА ПРОПАДНАТИОТ БЕЛГИСКИ „ВАН ХОЛ “ Европскиот парламент одобри 8 милиони евра

  • ЕП одобри осум милиони евра помош за поранешните работници на „Ван Хол“ во Белгија

Европскиот парламент го одобри барањето на Белгија за пакет помош во вредност од 8 милиони евра преку Европскиот фонд за прилагодување кон глобализацијата за отпуштените работници (ЕГФ), за поранешните вработени на пропаднатата белгиска автомобилска компанија „Ван Хол“.

Европскиот парламент со 598 гласа „за“, 48 „против“ и пет „воздржани“ го одобри барањето на Белгија за пакет помош во вредност од осум милиони евра преку Европскиот фонд за прилагодување кон глобализацијата за отпуштените работници (ЕГФ), за поранешните вработени на пропаднатата белгиска автомобилска компанија „Ван Хол“.

10 (88) ■ вести > македонија > политика ■ 05-May 07:50 -> 07-May 08:57
.
.
.
.

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ЛИДЕРИТЕ НА ВЛЕН: Имале конструктивен разговор

  • За денеска се очекува средба Мицкоски-Таравари, тема функционирањето на Алијанса за Албанците во Владата

  • Заврши средбата Мицкоски Таравари, разговорите продолжуваат

  • Средба на Мицкоски со лидерите на Вреди вечерва во Владата

Премиерот Христијан Мицкоски се сретна со лидерите на Влен, а средбата поминала во конструктивна атмосфера.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека најверојатно денеска ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата и евентуалната соработка со ДУИ на локални избори.

Заврши средбата помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство и лидер на крило на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари, која, како што информираат од Владата за медиумите, поминала во конструктивен дух.

Вечерва во Владата се одржува средба на премеирот и лидер на владејачката ВРМО-ДПМНЕ и претставниците на коалицијата Вреди (Влен). Засега нема информација за темите за кои ќе се разговара на состанокот, но средбата доаѓа по најновите случувања во коалицијата Вреди, откако претседателот на крилото на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, најави дека на следните локални избори ќе настапува самостојно иако намерите на коалицијата беа да се оди со заеднички кандидати и листи.

11 (39) ■ вести > свет ■ 05-May 15:08 -> 07-May 08:49
.
.
.
.

Штајнмаер го именуваше Мерц за премиер, вечерва прва седница на новата германска влада

  • Мерц во вториот круг изгласан за германски канцелар

  • Мерц не доби доволно гласови за да стане канцелар во првиот круг

  • Фридрих Мерц денеска треба да биде избран за нов германски канцелар

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер официјално го назначи Фридрих Мерц за нов канцелар на Германија, откако тој беше изгласан на функцијата во Бундестагот денес, во вториот круг од гласањето, објави „Шпигел“.

Лидерот на Христијанско-демократската унија Фридрих Мерц денеска во Бундестагот е избран за нов канцелар на Германија со 325 гласа „за“ и 289 гласа „против“ и еден воздржан.

Фридрих Мерц, лидерот на германската Христијанско-демократска унија (CDU), не успеа да добие доволно гласови за да стане канцелар во првиот круг од парламентарните избори, изјави претседателката на Бундестагот, Јулија Клокнер.

Претседателот на Христијанско-демократската унија на Германија (ЦДУ), Фридрих Мерц, денеска треба да биде избран во Бундестагот за нов канцелар на Германија.

12 (75) ■ вести > македонија > политика ■ 05-May 07:24 -> 06-May 21:42
.
.
.
.

Осумдесет години од кодификацијата на македонскиот јазик

  • MИЦКОСКИ: Јазикот е нашиот бедем и неспорен идентитет, како премиер нема да отстапам од нашето цивилизациско право да говориме на македонски

  • Сиљановска-Давкова: Имаме должност да го сакаме, чуваме, развиваме и промовираме македонскиот јазик

  • Ниту тој ќе живее ниту ние ќе бидеме Македонци без него, вели Сиљановска-Давкова по повод Денот на македонскиот стандарден јазик

Одбележуваме значаен јубилеј – 80 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик.

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека македонскиот јазик не е само минато, тој е мост до иднината.

Како македонски мисионери имаме семакедонска, национална и човечка должност да го чуваме, негуваме, сакаме, развиваме, проучуваме, промовираме, обновуваме македонскиот јазик, оти без нас не ќе живее, ниту ние ќе бидеме Македонци без него.

Како македонски мисионери имаме семакедонска, национална и човечка должност да го чуваме, негуваме, сакаме, развиваме, проучуваме, промовираме и обновуваме македонскиот јазик, оти без нас не ќе живее ниту ние ќе бидеме Македонци без него.

15 (14) ■ вести > македонија > хроника ■ 06-May 15:48 -> 06-May 19:54
.
.
.
.

Јахоски излезе од притвор со гаранција во стан на фирма која дели иста адреса со фирмата на зетот на Али Ахмети

  • Апелација ја уважи жалбата на Асмир Јахоски, прифатена гаранцијата во пари и имот и определени мерки за претпазливост

Стан од 344 квадратни метри на фирмата Би-холдинг, чиј сопственик е Хана Јахоска и со проценета вредност од околу милион евра е гаранцијата во недвижност која Апелација ја прифати и му го укина притворот на Асмир Јахоски, сопственикот на Пуцко Петрол и син на пратеник на ДУИ, објави Телма.

Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на Асмир Јахоски, осомничен во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, и ја преиначи одлуката на Кривичниот суд така што мерката „притвор“ се укинува со прифаќање на гаранција со ставање хипотека на имот во износ од 986 илјади евра и готовина во износ од 1,17 милиони евра, а истовремено му се определуваат мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и јавување во судот.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

177 (4) ■ бизнис > македонија > политика ■ 05-May 13:12 -> 05-May 14:39
.
.
.
.

Бањата Кежовица ќе отвори многу перспективи за развој на туризмот

  • НИКОЛОСКИ: Браната на Отиња ќе биде готова в година, во Штип се работи и на ДУП за бањата Кежовица и за изградба на викенд населба

Силна поддршка за општините и дополнителни инвестиции во локалната инфраструктура, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при работната посета на општина Штип.

Во општиона Штип работиме на повеќе проекти, во финална фаза е изработката на ДУП за бањата Кежовица која што треба да отвори многу преспективи за развој на туризмот, пред се на бањскиот туризам, а браната Отиње да биде готова следната година, ова денеска го истакна при посетата на општина Штип вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

186 (4) ■ бизнис > економија ■ 05-May 09:55 -> 06-May 09:30
.
.
.
.

▷ Комората испраќа јасни пораки

  • Бранко Азески Комората испраќа јасни пораки

Ако се вратиме 5 години назад, кога се соочивме со здравствената криза, можам слободно да кажам дека и покрај слабото или никакво дејствување на Светската здравствена организација што остави простор секој сам да дејствува и без нашето потребно искуство за пандемијата ние како Комора добро се справивме. одлично одреагиравме за отворањето на коридорите уште на самиот почеток на кризата за непречен проток на суровините до нашите капацитети и , многу добро го изменаџиравме првиот удар на кризата, која во тој момент најмногу се почувствува во дејностите врзани со движење - угостителството и туризмот и сообраќајот и транспортот.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, во колумна вели дека комората во изминатиот период, исполнет со кризи, покажа дека е можно кризите да се претворат во шанса ако се има јасна цел, а таа е доброто на државата, и ги мотивираше своите членки за инвестирање и отворање нови работни места.