Во Централна и Северна Америка се игра КОНКАКАФ Купот на шампиони меѓу екипи од неколку земји.
Интер Мајами, екипата за која настапува Лионел Меси, играше против Спортинг Канзас Сити во средата вечер на страшни минусни температури кои достигнувале и до -19. После натпреварот кој Интер Мајами го доби 0-1 со гол токму на најдобриот фудбалер во историјата според многумина, играчите и тренерот на гостите, легендарниот Хавиер Маскерано рекле дека не паметат дека играле на таков студ и дека не е хумано да се игра фудбал по такви услови како тие вечерта во Канзас.