Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Денеска почнува 20. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), се игра еден меч, актуелниот шампион Струга го пречекува Вардар.
По поразот од Шкендија на отворањето на пролетниот дел од сезоната, Вардар денеска има уште една тешка задача, гостува кај Струга која цели кон одбрана на титулата.
Сите натпревари почнуваат во 14 часот.
Табела во пресрет на утрешните натпревари: Шкендија 40 бода, Силекс 38, Гостивар 38, Работнички 37, Струга 32, Шкупи 25, Пелистер 20, АП Брера 20, Вардар 16, Тиквеш 15, Воска 15, Беса 13. Libertas
Вардар со 2-0 славеше на гостувањето кај актуелниот шампион Струга и освои три многу знајачни бодови во битката за опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Sport1
Екипата на Вардар се стекна со предност на гостувањето во Струга, над шампионот Струга ТЛ во натпревар од 20. коло во ПМФЛ. Ekipa
Вардар тргна поконкретно во натпреварот и диктираше темпо, иако на клупата за резерви на стартот останаа Мато кој беше прва опција во нападот на претходната средба, како и Дианеси кој беше стандарден во есенскиот дел.
Имаше иницијатива тимот на Седлоски, прво преку Камерунецот Донгмо со еден силен шут се закани во 13. минута, ама Ќосевски прекрасно интервенира и изби во корнер, а потоа во 20-тата минута, Азер Омерагиќ биеше од десната страна, но само во рацете на чуварот на мрежата на стружани. Gol
Вардарци гостуваат во Струга, кај актуелниот првак Струга ТЛ, кој исто така сака да дојде до првата победа во пролетниот дел, со оглед дека стартуваа со пораз од Гостивар во оваа 2025 година.
Струга ТЛ несомнено е фаворит со оглед на квалитетот, позицијата на табелата и амбициите за оваа сезона, но од друга страна против себе има противник во Вардар кој нема право повеќе на киксови, ако сака да го обезбеди опстанокот во ПМФЛ. Ekipa
Имаше закани и од двете страни, и двата тима не успеаја да реализираат се до 76. минута.
Потоа една акција на Вардар која почна од средината, па на левата страна центаршут до Закариќ, кој убаво ја смири топката, и од 7-8 метри шутираше неодбранливо во голот на Ќосевски. Ekipa
Сепак, како што и самите тие нагласија нема да биде лесно да се совлада подновениот Вардар.
Првиот меч оваа сезона меѓу овие две екипи заврши со убедлива победа на Струга среде Скопје од 1-4, меѓутоа оттогаш доставот на Вардар е доста изменет. Gol
20. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) почна вчера со победата на Вардар над Струга, а денеска од 14 часот се играат преостанатите пет натпревари, најинтересно ќе биде во Тетово каде Шкендија го пречекува Силекс.
Со одигрувањето на денешните пет натпревари, комплетирано е 20. коло на Првата македонска фудбалска лига.
Шампионот Струга Трим Лум во продолжение на сезоната во Првата македонска фудбалска лига ќе биде предводена од друг тренер.
Ќатип Османи си поднесе оставка од тренерската функција на Струга ТЛ по денешниот пораз (0-2) на тимот од Вардар пред своите навивачи.
Напаѓачот на Фиорентина, Мојс Кин заработи повреда на главата во второто полувреме од 26. коло од Серија А на денешниот натпревар со Верона.
Фудбалерите на одново беа сведоци на страшна сцена, откако во дуелот против на први декември имаше удар и колабираше на терен.
Баерн Минхен веќе сериозно чекори кон титула сезонава во Бундеслигата, откако во 23. коло убедливо со 4-0 славеше во дерби пресметката против Ајнтрахт Франкфурт.
Баерн Минхен со убедливи 4-0 го совлада Ајнтрахт Франкфурт и запиша уште една сигурна победа во Бундеслигата.
Беса се жали дека не им се досудени два пенали против Гостивар, а ако судиските грешки продолжат и на следниот меч, тие ќе ја напуштат лигата.
По добриот старт на 2025 година во шампионат и победата над Струга, Гостивар го очекува натпревар против Беса 1976.