Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид Хавиер Дорадо почина во четвртокот на 48 години, по долга болест.
Шпанецот беше дел од младинската академија на “Белите” од 1996 година, пред да биде промовиран во првиот тим три години подоцна, под водство на Висенте дел Боске . “Реал Мадрид изразува сочувство до семејството, соиграчите и сите што го сакаа и сите клубови на кои бил член”, објави Реал.