Трошоците на животот во март 2025 година, во однос на март лани, бележат зголемување од 2,7 отсто, а цените на мало раст од 2,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Државниот завод за статистика информираше дека во март 2025 година, во споредба со март минатата година, трошоците на животот забележаа пораст од 2,7 %, додека цените на мало забележаа зголемување од 2,2 %. Инфлацијата, мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2025 година, во однос на февруари 2025 година, бележи пад од 1,3 %. Намалувањето на инфлацијата во март 2025 година, во однос на февруари 2025 година, е предизвикано од опаѓањето на трошоците на животот во следните категории: “Храна и безалкохолни пијалаци за 3,0 %, Транспорт за 1,8 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,6 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,5 % и Разновидни стоки и услуги за 0,3 %”. Од друга страна, во март 2025 година, споредено со февруари 2025 година, пораст на трошоците на животот е регистриран во следните групи: “Домување, вода, електрика, гас и други горива и Облека и обувки за 0,4 %, Ресторани и хотели за 0,3 %, Комуникации и Здравје за 0,2 % и Рекреација и култура за 0,1 %”. “Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.” Цените на мало во март, во однос на февруари годинава, се пониски за 0,9 %.