Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар доминираше во дуелот против Беса, меѓутоа освои само бод (0-0) во 21. коло од Првата лига.
Реновираниот Вардар делува многу поамбициозно и поуверливо на стартот на вториот дел од сезоната, но после двете победи во низа, една во домашното првенство и една во Купот, залетаните избраници на Гоце Седлоски денеска беа сопрени во Скопје.