Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Фудбалерите на Фулам се квалификуваа во четвртфиналето на ФА Купот откако со подобро изведување пенали на Олд Трафорд го совладаа бранителот на титулата Манчестер Јунајтед со 4:3. Натпреварот заврши 1:1. Гостите поведоа во судиското продолжение од првото полувреме со голот на Калвин Беси, а израмни Бруно Фернандес во 71. минута.
При изведувањето на пеналите, херој стана гостинскиот голман Бернд Лено кој ги одбрани ударите на Виктор Линделоф и Џошуa Зиркзе.
Катастрофалната сезона на Манчестер Јунајтед тргна на уште полошо откако „црвените ѓаволи“ ја загубија и последната шанса за трофеј на домашната сцена, со елиминацијата од ФА Купот од тимот на Фулам, на домашен терен преку пенал-рулет. Ekipa
По првите три серии сите изведувачи беа сигурни, а прв промашен пенал имаше Линделоф.
Фулам стекна предност со голот на Робинсон, за потоа Лено да го фати и пеналот на Зиркзе и да го одведе својот тим понатаму. Gol
Резултатот не се менуваше до крајот на регуларниот дел, по што тимовите продолжија со борбата во продолженија, каде што повторно имаше возбудувања, но немаше голови и победникот се решаваше на пенали.
Во пенал-рулетот „ѓаволите“ не беа најпрецизни, односно трагичари беа Виктор Линделоф и Џошуа Зиркзе, кои ги промашија ударите од белата точка. Sport1
Тренерот на Манчестер jунајтед, Рубен Аморим смета дека потезите на новите сопственици на клубот од „Олд трафорд“ очигледно водат кон успех и покрај сомнителните реакции на јавноста.
Фудбалот значително се промени во изминатите години, а овие трансформации не се ограничени само на зголемениот број натпревари и финансискиот аспект, со оглед што социјалните мрежи играат сè поголема улога, влијаејќи врз играчите и нивната психолошка состојба.
Кристал Палас со 3-1 го совлада Милвол во ФА Купот и се пласираше во следната рунда.
Напаѓачот на Кристал Палас, Жан-Филип Матета, кажа дека се чувствува добро откако голманот на Милвол, Лајам Робертс, брутално влезе на него во натпревар од ФА Купот.
Екипата на Интер Мајами ја забележа првата победа во новата сезона во МЛС-лигата.
Интер Мајами вечерва по полноќ гостува кај Хјустон Динамо, но на овој меч, во составот нема да биде аргентинскиот ас Лионел Меси.
Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски се најде на атак кај навивачите на Динамо Загреб заради двата брзи жолти картони и исклучувањето во дербито против Хајдук кое заврши без победник (2-2). Хајдук ја искористи бројчаната предност и израмни во финишот, а Ристовски се најде на удар заради неговото издание и недисциплина, како што велат навивачите.
Екипата на Динамо Загреб не ги израдува навивачите.
Екипата на оствари уште еден триумф во италијанската , славејќи со конечни 0-2 (0-1) на гостувањето кај во натпреварот од 27. коло.
Торино по првото полувреме води со 1-0 на гостувањето кај Монца благодарение на гол на Елиф Елмас.