„Топчиите“ немаа постигнато повеќе од пет гола на едно европско гостување дури 33 години, поточно од дуелот против Стандард Лиеж во Купот на Победниците на Куповите, меч одигран во 1993 што Арсенал го доби со убедливи 0-7. Успехот на избраниците на Артета е уште поголем ако се знае дека Арсенал има огромни проблеми со нападот и веќе подолго време е без класичен голгетер во тимот, но лондонскиот клуб вечерва ја наполни до врв мрежата на ПСВ.