Арсенал имаше фуриозен старт на натпреварот во Ајндховен против холандскиот шампион ПСВ, откако „топџиите“ уште по првите 21 минута се одлепија на два гола предност (0-2). Резултатот го отвори Тимбер со прекрасен удар со глава, а само три минути подоцна историски погодок постигна младиот Итан Нванери.
Микел Артета зборуваше со медиумите во пресрет на осминафиналниот дуел против ПСВ Ајндховен во Лигата на шампионите, изјавувајќи дека Арсенал се мачи со повредите, но ќе биде максимално подготвен за предизвикот.