„Сите приходи генерирани од турнирот ќе им бидат распределени на клубовите учесници и преку клупска солидарност низ целиот свет, бидејќи ФИФА нема да задржи ниту еден долар“, рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино Цврстата финансиска основа на Светската фудбалска федерација (ФИФА) за развој на фудбалот низ светот го зазеде централното место на состанокот на Советот на ФИФА, кој едногласно го одобри годишниот извештај за 2024 година, вклучително и ревидираната цел на буџетските приходи од 13 милијарди долари за циклусот 2023-2026 година, со што ќе се инвестираат речиси 90 проценти назад во фудбалот за значително да се поттикне глобалниот фудбалски развој, пишува ФИФА. Novamakedonija