1 (4) ■ вести > свет ■ 25-Sep 20:15 -> 25-Sep 20:27
.
.
.
.

Путин: Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде нападната од која било земја

  • Страшно предупредување од Путин: Во овој случај Русија ќе употреби нуклеарно оружје

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде нападната од која било земја и дека секој конвенционален напад врз Русија поддржан од која било нуклеарна сила ќе се смета за заеднички напад.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде нападната од која било земја, пренесоа руските медиуми.

3 (167) ■ вести > свет ■ 23-Sep 08:00 -> 25-Sep 20:36
.
.
.
.

Арапските земји загрижени: Израел го турка регионот во тотална војна

  • Израел го обвини Гутереш дека не прави ништо за да ги спречи нападите на Хезболах

  • Галант: Илјадници ракети на Хезболах се уништени во офанзивата во Либан

  • Израелците не исклучуваат и копнена агресија во Либан,Хезболах на удар на силни воздушни напади

Израел го турка регионот во тотална војна, рекоа шефовите на дипломатиите на Египет, Ирак и Јордан во заедничката изјава објавена во средата, осудувајќи ја „израелската агресија врз Либан“.

Израел во вторникот го обвини генералниот секретар на ОН дека не прави ништо за да ги „спречи нападите на Хезболах“ на нејзина територија, откако Антонио Гутереш ја спореди израелската војна против Хамас во Газа со „непрекинат ноќен кошмар“ кој се заканува да го однесе и Либан во хаос.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вечерва изјави дека израелската офанзива во Либан уништила десетици илјади ракети од арсеналот на Хезболах.

Тешко е да се поверува дека помина помалку од една недела откако комуникациските уреди што ги користи Хезболах почнаа да експлодираат низ Либан.

4 (8) ■ вести > македонија ■ 25-Sep 18:24 -> 25-Sep 20:00
.
.
.
.

ЕУ одобри 13 милиони евра помош за Армијата

  • Армијата ќе се освежи со 13 милиони евра

Советот на ЕУ денеска донесе одлука за одобрување на помош во рамки на Европскиот мировен фонд (ЕПФ) во износ од 13 милиони евра наменети за зајакнување на капацитетите и способностите на Армијата на Република Северна Македонија (АРСМ). – Мерката за помош ќе ги зајакне капацитетите на Северна Македонија за нејзино учество во операциите и мисиите во рамки на заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ и другите меѓународни мисии, соопшти Советот на ЕУ. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во соопштението се нагласува дека оваа одлука дополнително ја илустрира зголемената поврзаноста на ЕУ со земјава во областа на безбедноста и одбраната.

Советот на ЕУ денеска донесе одлука за одобрување на помош во рамки на Европскиот мировен фонд (ЕПФ) во износ од 13 милиони евра наменети за зајакнување на капацитетите и способностите на Армијата на Република Северна Македонија (АРСМ). – Мерката за помош ќе ги зајакне капацитетите на Северна Македонија за нејзино учество во операциите и мисиите во рамки на заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ и другите меѓународни мисии, соопшти Советот на ЕУ. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во соопштението се нагласува дека оваа одлука дополнително ја илустрира зголемената поврзаноста на ЕУ со земјава во областа на безбедноста и одбраната.

5 (30) ■ вести > македонија ■ 24-Sep 20:13 -> 25-Sep 18:50
.
.
.
.

Трајковски: Над 120 инспектори вршат проверка низ цела држава дали се почитува одлуката за ограничени профитни маржи

  • ДПИ од утре ќе ги контролира бурекчилниците оти и бурекот и јогуртот треба да поевтинат

  • Од маркети до бурекчилници: Инспекторите казнуваат - трговците не ја сфатиле сериозно обврската

  • Трајковски: ДПИ од денеска ќе почне да ги казнува трговците кои не ги намалиле профитните маржи

Нема да има толеранција за никого, нема да толерираме никаква примена на нечесни практики и секој кој ќе се огреши ќе биде казнет.

Владината одлука за ограничување на маржите на прехранбените продукти од 10%, ги опфаќа и бурекот и јогуртот, рече директорот на ДПИ Горан Трајковски.

Одлуката за ограничување на профитните маржи на трговците до 10 отсто ги опфаќа и бурекот и јогуртот и белите печива, појасни денес директорот на Државната пазарна инспекција, Горан Трајковски.

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од денеска на пладне ќе почне со казнување на трговците кои ги немаат поставено ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“ и не ги продаваат по пониски цени производите за кои Владата донесе одлука да им ја ограничи профитната маржа, најави директорот на ДПИ – Горан Трајковски.

6 (12) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 25-Sep 15:53 -> 25-Sep 18:39
.
.
.
.

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ПРИРЕДУВАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА БЕЗ ЛИЦЕНЦА Обвинителството отвори предмет против правно лице од Стар Дојран

  • МВР: Кривични пријави за „перење пари“ и „приредување на игри на среќа без лиценца”

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против правно лице од Стар Дојран и К.К.(72) од Скопје, сопственик и управител на правното лице поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „перење пари и други приноси од казниво дело” по член 273 и „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган” по член 156 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри, против К.А.(57) од Дојран, М.К.(62) од Дојран и Ф.П.(51) од Скопје, сите вработени во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело” по член 273 во врска со член 22 „соизвршителство” од Кривичниот законик.

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против правно лице од Стар Дојран и К.К.(72) од Скопје, сопственик и управител на правното лице поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „перење пари и други приноси од казниво дело” по член 273 и „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“ по член 156 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри, против К.А.(57) од Дојран, М.К.(62) од Дојран и Ф.П.(51) од Скопје, сите вработени во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело” по член 273 во врска со член 22 „соизвршителство“ од Кривичниот законик.

11 (22) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Sep 14:58 -> 25-Sep 12:23
.
.
.
.

Орбан доаѓа во Охрид, в четврток и петок привремено ќе бидат затворени неколку улици

  • Унгарскиот премиер Орбан на 26 и 27 септември во официјална посета на Македонија

  • Безбедносни мерки во Охрид во врска со посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан

Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности, по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата делегација на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки и активности.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската Влада, на 26 и 27 септември ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија, информира владината прес-служба.

Во врска со престојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан на земјава, СВР – Охрид ги спроведува неопходните безбедносни мерки и активности за безбедно и непречено движење на делегацијата низ Охрид и околината.

12 (25) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Sep 11:01 -> 25-Sep 13:09
.
.
.
.

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

  • Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР

  • Како СДСМ и ДУИ ја искористија ковид-кризата за да доделат 33 милиони евра на свои луѓе

Седум години СДС и ДУИ го гледале само личниот и партиски интерес, наместо државниот.

Тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје.

Владата предводена од СДС и ДУИ не правела ништо освен што крадела од граѓаните и државата, односно народните пари завршувале во џебови на поединци наместо за развој, велат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека ваквото однесување го поткрепува и Државна ревизија, или со ревизијата завршена во мај 2023 година се гледа дека неосновано се трошеле стотици милиони евра народни пари.

13 (26) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Sep 09:08 -> 25-Sep 20:45
.
.
.
.

Сиљановска Давкова заедно со претставници на земјите од З. Балкан на работен ручек со Борел

  • Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод 23 септември, Меѓународниот ден на знаковниот јазик

  • Сиљановска-Давкова на дебата на Советот за безбедност на ОН и на состанок на глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги

Сиљановска Давкова заедно со претставници на земјите од З. Балкан на работен ручек со еврокомесарот Борел Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, денеска се очекува да присуствува на работниот ручек со претставникот на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел со шефовите на делегациите на земјите од Западниот Балкан.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до лицата со оштетен слух и говор по повод одбележувањето на 23 септември, Меѓународниот ден на знаковниот јазик.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации, присуствуваше на состанокот на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги и на дебатата на Советот за безбедност, кадешто оствари куси средби со повеќе лидери и претставници на меѓународни организации.

Повеќе од
оваа категорија

60 (33) ■ спорт > фудбал ■ 23-Sep 07:55 -> 25-Sep 19:54
.
.
.
.

Познати детали од договорот кој Шчесни треба да го потпише со Барселона

  • Љубота кон Барселона му е преголема: „Ако треба ќе се вратам од пензија да го заменам Тер Штеген“

  • Барса сака да му ја прекине пензијата на Шченсни

  • Барселона без голманот Тер Штеген околу осум месеци

Според последните информации од шпанските медиуми, Војчех Шчесни ќе се врати од пензија за да потпише договор со Барселона.

Поранешниот голман на Барселона, Чилеанецот Клаудио Браво ја докажа љубовта кон каталонскиот клуб со изјава дека е подготвен и да се врати од пензија доколку раководството на клубот сака тој да биде замената за повредениот Андре Тер Штеген.

Барселона го продолжи перфектниот старт во Примера со фантастичната победа од 5:1 на гостувањето кај Виљареал минатата недела, а по шест кола има максимални 18 бода.

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген тешко се повреди на вчерашниот натпревар со Виљареал (5:1) во 6. коло од Ла Лига.

Повеќе од
оваа категорија

151 (7) ■ сцена > култура ■ 24-Sep 10:30 -> 25-Sep 15:15
.
.
.
.

Свечено затворање на летната сцена на МНТ на 2. октомври со „Архангел”

  • „Пијан Славеј“ на летната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ

На 2. октомври со почеток во 21:00 часот на летната сцена „Славиша Кајевски”, при Македонскиот народен театар, концерт ќе одржи највлијатената музичка фигура на урбаниот културен живот во Македонија „Архангел”. Концертот насловен „Македонски подобро звучи – Едиција 4” е подржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Македонскиот народен театар со што свечено ќе се затвори првото издание на летната сцена „Славиша Кајевски”. Билетите се достапни како и секогаш во онлајн продажба преку веб-страницата на МНТ, , како и на билетарницата, која отвора секој работен ден од 12:00 часот.

На летната Сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ) вечер ќе настапи „Пијан Славеј“, музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата „Фолтин”, заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски со нивната нова македонска шансона, која го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.