Дуелот помеѓу Силекс и Вардар во Кратово дефинитивно е највозбудливиот од денешната понуда на македонските фудбалски терени, на кои ќе се одиграат натпреварите од 23. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Кратовци имаат посебен мотив за овој натпревар, бидејќи во четвртфиналето од Купот на Македонија беа елиминирани од „црвено-црните“ (0-1), по што изразија незадоволство од арбитражата, па имаше и пресметка со соопштенија помеѓу клубовите.
Вардарци доаѓаат во Кратово во добра форма, без пораз на последните три средби, со две победи и едно реми.